Некогашниот сопственик на Милан, бизнисменот Силвио Берлускони, ја користи секоја прилика да го искритикува својот екс клуб, па така, сега кажа дека „росонерите“ би загубиле од третолигашот Монца со 0:3.

Во времето кога поранешниот премиер на Италија беше газда на Милан, а тоа беа 30 години, клубот ги имаше најголемите успеси, но сега е далеку од тие височини. Берлускони откако го продаде Милан, реши да ја купи Монца која сезонава тргна со четири победи во четири кола и може да напредува и да игра во Серија Б следната сезона.

„На актуелниот претседател на Милан му предложив да одиграме пријателски меч. Ќе ги победиме со 3:0“ – вели Берлускони.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2019 15:51