Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски, на денешниот натпревар од англискиот Чемпионшип против Дерби каунти, го запиша својот јубилеен 100-ти настап во дресот на Лидс.

– Чест ми е што стигнав до 100 меча за Лидс, се надевам дека ќе одиграм уште најмалку 100 за овој клуб. Лидс ми помогна да напредувам, да играм на повеќе позиции, изјави Алиоски, пред дуелот со Дерби.

Алиоски ги пофали и навивачите на Лидс, за кои рече дека се најдобрите кои ги видел, а како маана на тимот го наведе проблемот да го отворат резултатот.

„Тешко поведуваме против дефанзивни екипи, но ако успееме, потоа лесно даваме и втор, трети гол“ – додаде популарниот Џани.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2019 15:59