Екипата на Вардар се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево го забележа петтиот триумф по ред.
Во победничка серија влезе и актуелниот шампион Шкендија која денеска беше поуспешна од Струга за трета победа во низа.
Досегашниот лидер Академија Пандев одигра нерешено на домашен терен со Шкупи и го загуби врвот на табелата.
Резултати: Македонија ЃП – Ренова 0:1 Академија Пандев – Шкупи 0:0 Шкендија – Струга Трим Лум 2:0 Вардар – Силекс 3:0.
Вчера, Борец – Работнички 1:1.
Табела: Вардар 16 бода, Академија Пандев 15, Македонија ЃП 11, Шкандија 10, Ренова 10, Шкупи 9, Струга Трим Лум 8, Работнички 7, Силекс 6, Борец 5.