Фудбалската федерација на Македонија од денеска во продажба ги пушти билетите за натпреварот од квалификациите за Европското првенство против Словенија, закажан за 10 октомври на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Билети може да се купат преку продажната мрежа на МК Тикетс, на посебен пулт на ФФМ во „Сити мол“, и на благајната на нашиот најголем стадион.

Цената на влезниците се движи од 50 до 200 денари. Словенија е еден од директните конкуренти на тимот на селекторот Игор Ангеловски. ФФМ ги повика сите љубители на спортот да им помогнат на „рисовите“ во дуелот со Словенците, бидејќи евентуална победа ќе значи доближување до место на Еуро 2020.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2019 19:40