Светската фудбалска федерација, ФИФА, на гала-церемонија во Милано, го објави најдобриот тим за 2019 година.

Во гласањето учествуваа фудбалери од целиот свет, во организација на меѓународниот синдикат на фудбалери, ФИФПро.

Идеалниот тим за 2019 година е следниот: Алисон Бекер (голман на годината), Матајс Де Лихт, Серхио Рамос, Вирџил Ван Дајк, Марсело, Френки Де Јонг, Лука Модриќ, Еден Азар, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе.

Изненадување е што во тимот има само двајца членови на европскиот првак Ливерпул, а нема играчи од Тотенхем кој беше финалист во Лигата на шампионите. Затоа пак, четворица се од Реал Мадрид, иако Азар местото си го заслужи играјќи за Челзи



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 00:02