Русинот Јури Семин кој го води Локомотив Москва, е најстариот активен тренер во Европа. Семин е роден на 11 мај 1947 година.

Семин во тренерската кариера имал повеќе од 1.300 натпревари, а последниот трофеј го освои со Локомотив во 2018 година кога стана шампион на Русија.

На второто место е Љупко Петровиќ, српскиот стручњак кој седи на клупата на ЦСКА Софија. Петровиќ кој ја водеше Црвена ѕвезда во 1991 година кога стана европски првак, е само четири дена помлад од Семин.

Од петте најстари активни тренери во Европа, четворица се од источниот блок. Освен Семин и Петровиќ, тука се и Милорад Косановиќ од Раднички Ниш, и Грузиецот Владимир Кахидзе, родени во 1951 година. Во ова пензионерско друштво влегува и Рој Хоџсон од Кристал Палас, стратег роден во август 1947 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 22:05