Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок ја објави намерата на организацијата да создаде европска агенција против договорени натпревари. Пред неговото создавање, ќе се изврши економска проценка на изводливоста.

Покрај тоа, на членовите на извршниот комитет им беше претставен стратешки план за борба против пиратството, кој има за цел да ги заштити правата на радиодифузерите.

Местењето натпревари е голем предизвик за сите национални федерации и се очекува по формирањето на оваа агенција, соработката со Европската фудбалска федерација да се интензивира во насока на откривање лажирања на фудбалските терени.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 10:48