Тотенхем не успеа да ја помине пречката во шеснаесетфиналето на англискиот Лига куп. Финалистите од Лигата на шампионите од минатата година, синоќа загубија од Колчестер, клуб од четвртата по квалитет дивизија во Англија.

Актуелниот победник на ова натпреварување, екипата на Манчестер сити го совлада Престон.

Резултати: Портсмут – Саутемптон 0:4 Лутон – Лестер 0:4 Вотфорд – Свонси 2:1 Престон – Манчестер сити 0:3 Шефилд венсдеј – Евертон 0:2 Колчестер – Тотенхем 0:0 на пенали 4:3 Арсенал – Нотингем Форест 5:0 Кроули – Стоук 1:1 на пенали 5:3.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 11:17