Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, по победата над Виљареал во 6. коло од Шпанското првенство (2:1) не е целосно задоволен од играта на неговиот тим.

– Не игравме многу добро против Гранада. Ни требаше победа вечерва, затоа што губиме премногу бодови. Треба да го зголемиме нашето ниво на перформанси во лигата, во спротивно тоа ќе биде многу долга и тешка сезона за нас.

По шест кола Барселона има 10 бода и во пресрет на другите натпревари од оваа рунда е на 4. место на табелата во Примера.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 11:59