Извршниот комитет на УЕФА од состанокот во Љубљана, Словенија, препорача екипите да не играат на стадионите на кои не им е дозволено да влегуваат жени.

На почетокот на овој месец, една навивачка во Иран се самозапали во знак на протест против забраната за присуство на натпревар меѓу машки екипи.

ФИФА го посети Иран и побара да се реши прашањето за прием на жени на трибините. По посетата на претставниците на федерацијата, беше објавено дека жените ќе можат да присуствуваат на претстојните натпревари на иранската репрезентација во октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 12:04