Фудбалскиот клуб Урал преку својот официјален Твитер профил соопшти дека го ангажира Иван Јовановски и од македонската репрезентација.

– Бразилскиот тренер за физичка обука Мишел Хаф дос Сантос го напушти Урал. Нов тренер за физички тренинзи е Иван Јовановски, кој е дел од тренерскиот штаб на македонскиот тим, соопшти ФК Урал.

Со ангажира на Македонец, раководството на Урал сака да се подобрат физичките перформанси на фудбалерите и клубот да биде конкурентен на екипите од самиот врв,

По 10 кола во рускиот шампионат, Урал е на 6.место со 14 бода, девет помалку од лидерот Зенит и осум од второпласираната ЦСКА Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 14:25