Фудбалерот на Бока јуниорс, ветеранот Даниеле Де Роси, доби изненадувачки повик за настап во италијанскиот национален тим, за претстојните средби со Грција и Лихтенштајн, од квалификациите за ЕП 2020.

Во аргентинскиот клуб за кој настапува Де Роси, се непријатно изненадени, воопшто не очекуваа дека може да се случи вакво нешто. На 1 и 22 октомври, Бока треба да игра полуфинале на Копа Либертадорес против градскиот ривал Ривер плејт, и не планираа дека можеби ќе треба да го ослободат Италијанецот за репрезентативни обврски.

Де Роси нема играно за Италија уште од 13 ноември 2017 година, и се сметаше дека веќе нема да настапува за „аѕурите“. На 12 октомври тој против Грците би играл на „Олимпико“ во Рим, каде ја мина целата кариера пред да се пресели во Аргентина.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 20:52