Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, се откажа од функцијата спортски директор на каталонскиот клуб.

– Во последните неколку недели имаше различни вести за моето можно враќање во Барселона како спортски директор. Размислувајќи, решив да не ја прифатам оваа понуда на клубот. Ова беше тешка одлука, со оглед на тоа што секогаш велев дека би сакал да се вратам во клубот, за кој го сметам мојот дом, но разни проекти ме спречуваат во моментот целосно да се посветам на оваа позиција. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за довербата во мене за толку важна позиција, напиша Пујол на Твитер.

Претходно, напаѓачот на Барселона, Лионел Меси призна дека би сакал да го гледа екс-капитенот на тимот како спортски директор на клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 12:48