Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, одговори на прашањето дали е подготвен да го предводи Манчестер Јунајтед доколку сегашниот предводник Оле Гунар Солскјер го напушти тимот.

- Како што реков, Манчестер јунајтед е работа во соништата за било кој тренер. Имам доверба, решеност. Имам идеи, изјави Венгер.

Шеесет и деветгодишниот Венгер како тренер на Арсенал трипати стана шампион на Англија. Тој го водеше тимот од 1996 до 2018 година.

Манчестер јунајтед е на осмото место на шампионатот, со осум бода по шест одиграни натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 14:22