Најголемата ѕвезда на ПСЖ, бразилскиот фудбалер Нејмар добил понуда да го обнови договорот со францускиот шампион, пренесува „Мундодепортиво“.

Раководството на клубот сака во најскоро време да започне преговори за продолжување на договорот, но се уште не е познат ставот на фудбалерот.

Минатото лето Нејмар беше на излезна врата од ПСЖ. Барселона и Реал беа активно заинтересирани за 27-годишниот Бразилец, кој цело лето преговараше за можен трансфер. Сепак, на крајот Нејмар реши да остане во францускиот клуб по убедувањето од соиграчите.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 14:49