Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја демантира изјавата на капитенот на репрезентацијата на Никарагва Хуан Барера. Тој изјави дека не гласал за напаѓачот на Барселона и Аргентина Лионел Меси во изборот на ФИФА за фудбалер на годината.

Прес-службата на ФИФА соопшти дека поседува формулар за гласање потпишан од Барера и со печат на фудбалската федерација на Никарагва.

Претходно, селекторот на репрезентацијата на Судан, Здравко Логарушиќ, исто така, рече дека неговиот глас во корист на Меси е фалсификуван.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 15:15