Македонската женска сениорска репрезентација на 2 и 5 октомври во Скопје ќе ги одигра натпреварите од квалификациската група 1 од циклусот за Европско првенство 2021 година, против Казахстан односно Србија.
За претстојните дуели на македонската репрезентација од квалификациите за ЕП 2021, селекторот Кирил Изов испрати повик до следните фудбалерки: Викторија Панчурова, Александра Ристовска, Павлинка Николовска, Маја Ангеловска, Јана Чубриновска, Ели Јаковска, Гентјана Рочи, Наташа Андонова, Романа Трајковска, Улза Максути, Суарта Речи, Адријана Наумовски, Теодора Димоска, Јулија Живиќ, Магдалена Лекоска, Драгана Костова, Хава Мустафа, Катерина Милеска, Јована Ѓорѓиовска и Ане Бошеска.
Подготовките ќе започнат на 28 септември. Мечевите со Казахстан и Србија ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 15 часот.