Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, потврди дека 18-годишниот Бразилец Родриго, нема да биде во составот за утрешното градско дерби против Атлетико.

Родриго имаше деби од соништата, даде гол само 90-тина секунди по влегувањето во игра, и ја потврди победата на Реал против Осасуна. Тој веднаш воодушеви со својата игра, но тоа не е доволно да се најде на списокот кандидати за дербито, па утре ќе игра за вториот тим на Реал, кој се натпреварува во третата шпанска лига.

– Родриго нема да игра против Атлетико, тоа беше договорено уште пред мечот со Осасуна. Тој е млад, мора да бидеме внимателни и да одиме чекор по чекор, рече Зидан, за кого добра вест е враќањето на Модриќ и Иско, па сега на листата на повредени се само левите бекови Марсело и Менди.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 11:02