Англиската фудбалска лига можеби ќе мора да го исфрли Ливерпул од Карабао купот, доколку се утврди дека на натпреварот против Милтон Кејн Донс, клубот користел играч кој немал право на настап.

Ливерпул на мечот со МК Донс славеше со 2:0 и во осминафиналето на 28 октомври треба да игра со Арсенал, но тимот на тренерот Јирген Клоп можеби ќе биде елиминиран поради административен прекршок или да мине само со парична казна.

Не е објавено кој играч е спорен, бидејќи на таа средба во почетниот состав на Ливерпул се појавија четворица младинци.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 14:43