Триумфалната серија на Ливерпул во Премиерлигата продолжи и денеска, со победата од 1:0 на гостувањето кај Шефилд јунајтед.

Европскиот првак среќно дојде до новите три бода. Стрелец беше Џорџинио Вајналдум во 70-та минута, по големата грешка на голманот на Шефилд, Дин Хендерсон. Наместо рутинска одбрана по шутот на Вајналдум, топката мина низ рацете и нозете на голманот Хендерсон, и влезе во голот. За Вајналдум ова е 22-ри гол во неговата премиерлигашка кариера, а само трети на гостински терен.

Голот на Вајналдум беше и првиот шут на гостите во рамките на голот на Шефилд. По седум одиграни меча сезонава, Ливерпул има максимални 21 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 17:05