Барселона го совлада Хетафе со 2:0, со головите на Луис Суарез и Жуниор Фирпо, и за каталонците ова е прва гостинска победа во шпанското првенство од 23 април наваму. Шпанскиот првак првпат сезонава не прими гол на еден натпревар.

Неиграњето на Лионел Меси не се покажа како голем хендикеп на ова гостување во Мадрид, а лошо за нив е што беше исклучен централниот дефанзивец Ленгле, па тој нема да може да настапи на дербито со Севилја на 6 октомври.

При првиот гол, асистент беше Тер Штеген, и тој е првиот голман на Барса кој асистирал за гол во 21. век. Сезонава кај Барселона голови даваат десет различни фудбалери, а Меси уште нема затресено мрежа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 21:40