Атлетико и Реал во мадридското дерби одиграа 0:0 и според играта и малкуте шанси покажаа дека се задоволни со еден бод.
Синоќешниот дуел беше целосна спротивност на она што се случуваше летоска на подготвителниот меч на овие два тима во САД. Тогаш Атлетико го разби Реал со 7:3. Поучени од тоа искуство, во Реал сега (пре)многу внимаваа на одбраната и ги затворија сите приоди кон нивниот гол.
Ниту еден од тимовите во градското дерби не сакаше да ризикува, водеа голема тактичка борба, и во таква ситуација, не само што не паднаа голови, туку немаше ниту големи шанси. Поблиску до победа беа гостите, но шутот со глава на Бензема мајсторски го одбрани Облак. Атлетико дури во 90-та минута упати пут во рамките на голот, но и тој обид беше безопасен.
Со овој бод, Реал е лидер на табелата во шпанското првенство, додека Атлетико е трети во моментов, со само еден бод помалку од „кралскиот клуб“