Наполи ја победи Бреша со 2:1 во натпревар од италијанското фудбалско првенство на кој настапи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Тренерот Анчелоти не го стави Елмас во почетниот состав, планираше да го зачува за гостувањето кај Генк од Лигата на шампионите на 2 октомври, но откако Бреша намали на 1:2 и почна сериозно да напаѓа за изедначување, италијанскиот стручњак во 73-та минута го внесе во игра и Елмас.
Во финишот, Елмас имаше и убава шанса за да го постигне својот прв гол во Серија А.