По убедливиот пораз од Лацио, во екипата на Џенова најверојатно ќе дојде до промена на тренерот. На Аурелио Андреацоли часовите му се одбројани, а најсериозен кандидат за преземање на функцијата е Џенаро Гатузо.

Доколку Гатузо го преземе кормилото во тимот за кој игра и македонскиот капитен Горан Пандев, дебито на клупата на Џенова би го имал против неговиот поранешен клуб Милан.

Кандидати за тренерското место во Џенова се и Давиде Никола и Стефано Пиоли, но прва желба на претседателот Енрико Прециози е Гатузо.

Џенова во последните четири кола освои само еден бод, и се наоѓа во зоната на испаѓање. Единствената дилема е дали на Андреацоли да му се даде последна шанса против Милан, или веднаш да биде разрешен.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2019 22:44