Тренерот на Милан, Марко Џампаоло ја презема одговорноста за синоќашниот пораз (1:3) од Фиорентина, но упати и критики до своите избраници.

- Навивачите се навикнати на нешто сосема различно и имаат право да негодуваат. Секако, јас ја преземам одговорноста, но треба да одиме напред затоа што верувам во моите идеи. Она што ме изнервира е дека тимот изгледаше како играчите да не тренирале заедно. Може да изгубите, но не така. Пред само три дена, тимот покажа карактер, видов сегменти што ми се допаднаа. Денес играта се сведуваше на индивидуално ниво. Немаше организација, изјави Џампаоло.

Милан по шест кола во Серија А веќе има четири порази и со шест од можни 18 бода се наоѓа на 16. место.

Во италијанските медиуми наголемо се шпекулира за смена на тренерската позиција во поранешниот италијански и европски фудбалски шампион.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 11:02