Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, може да го предводи Милан оваа сезона, пренесува „Калчомеркато“. Според италијанскиот портал многумина во Милан посакуваат враќање на Алегри на „Сан Сиро“.

Во моментов,тренер на Милан е Марко Џампаоло, но по синоќешниот пораз од Фиорентина, четврти во шесте кола оваа сезона, се засилија шпекулациите за негова смена.

Алегри го водеше Милан од 2010 до 2014 година. Со него екипата го освои првенството и италијанскиот Суперкуп.

Покрај Алегри, како можен наследник на Џампаоло на клупата на Милан се спомнуваат и Андриј Шевченко, Клаудио Раниери, Лучијано Спалети и Руди Гарсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 20:09