Поранешниот тренер на Интер, Жозе Мурињо изјави дека нема да се врати на работа со италијански клуб.
Интер е мојот дом, а Масимо Морати останува мој претседател и мој пријател. Тој е како член на моето семејството. Не сум работел седум до осум месеци. Ајде да видиме што ќе се случи следно, но не мислам дека ќе се вратам на работа во Италија. Имам чувство дека мојата иднина не е тука, вели Мурињо. Педесет и шестгодишниот Португалец заедно со Интер двапати стана шампион на Италија, ги освои Лигата на шампионите, Купот и Суперкупот на Италија.
Негов последен клуб беше Манчестер јунајтед.