Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одби да оди во крајности, додека разговараше за сценарио, при кое не успева да ја освои титулата во Лигата на шампионите за време на својот престој кај „небесно-сините“

Гвардиола ја започна својата четврта година во клубот во Манчестер, а во тој период освои две последователни титули во Премиер лигата. Сепак, шпанскиот стратег оддалеку не се справува добро во најпрестижниот европски клупски турнир, каде Сити не го поминал четвртфиналето под водство на Пеп.

Како и да е, менаџерот на „граѓаните“ изјави дека евентуалното не освојување на трофејот нема да го промени неговиот животен пат.

– Сакам да го освојам трофејот, но неуспехот нема да ми го промени животот. Јас нема да извршам самоубиство. На мојата прва прес-конференција во клубот, акцентот беше ист – морам да ја освојам ЛШ. Многу пати сум разговарал со директорите на клубот и не ми оставиле впечаток дека мора да го освојам трофејот. Ние секогаш се трудиме да го освоиме трофејот. Сепак, неуспехот нема да го промени мојот личен живот на кој било начин, рече тренерот на Сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 21:51