Тимот на Ливерпул е во серија од 16 последователни победи во Премиер лигата и постепено станува главен фаворит за титулата оваа сезона, но „црвените“ се заинтересирани само за следниот натпревар, изјави Вирџил ван Дајк.
Во интервју за клупската веб-страница, Холанѓанецот објасни дека статистиката е тема за медиумите, а не за играчите на теренот.
– Статистиката е за медиумите. Реалноста е дека сè уште не сме освоиле ништо. Ние само сакаме да продолжиме да ја подобруваме нашата игра затоа што сигурно има многу за да се сработи. Се уште е рано да се обрнува внимание на рангирањето, затоа што доаѓа октомври и допрва треба да дојде густиот циклус на натпревари. Има уште долг пат до крајот на сезоната и затоа се фокусираме само на претстојниот натпревар, вели Ван Дајк.
Според него, Ливерпул израснал како тим и собрале големо искуство во последните неколку сезони.
– Мора да веруваме дека можеме да победиме на секој натпревар. Ако не, ние подобро да си останеме дома. Имаме квалитет, имаме играчи за тоа, додаде дефанзивецот.