Реал Мадрид размислува за враќање на играчот од средниот ред Мартин Одегард, кој во моментов игра под кирија во Реал Сосиедад.

„Белиот балет“ има намера да му даде нова шанса на 20-годишниот Норвежанец следното лето, пренесува „АС“.

Во изминатите две сезони, Одегард играше на изнајмување во Херенвен и Витесе. Ова лето, Реал го испрати да игра во Реал Сосиедад на две години. Сепак, мадридскиот клуб има клаузула во договорот дека периодот за изнајмување може да се откаже по една година.

Оваа сезона, Одегард забележа 7 настапи во лигата и постигна 2 гола и даде 2 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 22:24