Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1-1 во последниот натпревар од 7. коло од Премиер лигата.
Двете екипи одиграа машки дуел на „Олд Трафорд“, но на крајот немаше победник. Скот Мектомини им донесе предност на „црвените ѓаволи“ по убав удар во 45-та минута, а на почетокот на второто полувреме, Пјер-Емерик Обамејанг изедначи по кошмарната грешка на Аксел Туанзебе.
По поделените бодови, Арсенал е на 4-та позиција со 12, откако заостанува 2 зад третиот Лестер.
Манчестер јунајтед е на 10-то место со 9 бода. Ова е најслаб старт во историјата на Јунајтед од сезоната 1989-1990 година, кога по 7 рунди екипата имаше освоени 7 поени.