Играчот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг синоќа на дуелот со Манчестер јунајтед (1:1) го постигна голот за лондончани и успеа по седми пат да се запише во листата на стрелците во почетните седум кола од Премеир лигата.
Обамејанг покрај на дербито со Јунајтед, постигна голови и на средбите со: Астон Вила, Вотфорд (два), Тотенхем, Барнли и Њукасл. Единствено не реализира на натпреварот со Ливерпул.
Последен пат ваков ефикасен старт на еден фудбалер на Арсенал имал Денис Бергкамп во сезоната 1997/98. Тогаш на 28 натпревари тој постигна 16 голови и забележа 11 асистенции.