Новото засилување на Интер, Алексис Санчез, кој пристигна во тимот како позајмен од Манчестер Јунајтед, го коментираше претстојниот судир на „нероазурите“ со Барселона во Лигата на шампионите.
– Дома Барселона е многу силна, се чувствуваат безбедно кога играат таму. Ако имаме една или две гол-позиции, не треба да ги промашиме. Играв таму со Манчестер Јунајтед, промашив три или четири шанси. Ако сакате да ја победите Барселона, не треба да пропуштате можности. Научив многу од мојот престој во Барселона (2011-14), што ми помогна да се подобрам. Имав неколку кул играчи до мене кои беа светски шампиони. Кога пристигнав во Барселона, луѓето го дефинираа тимот како најдобар во историјата на клубот. Тука беа Гвардиола и Лионел Меси, како и Иниеста и Чави, кои сега ги нема. присутен беше и Пујол, кој за мене е неверојатен капитен, најдобриот во мојата кариера досега, изјави Чилеанецот.
Тој исто така призна дека кога се преселил во клубот од Милано, си ја вратил љубовта кон фудбалот.
– По пристигнувањето во Интер, се чини како повторно да се вљубив во фудбалот. Веќе ги познавав тренерот и некои играчи. Верувам дека клубот подготвува нешто убаво за иднината. Ако не грешам Интер не освоил ништо за 7-8 години. Се чини како да ја повратив мојата љубов кон фудбалот со желба да освојам нешто со овој клуб. Секој играч би сакал да ја освои ЛШ. Вие учествувате во неа за да ја освоите, не само да се натпреварувате. Одлично е за секој фудбалер и Интер мора да биде возбуден што повторно игра во ЛШ, изјави Санчез за официјалната веб-страница на УЕФА.