Реал Мадрид се спаси од голем срам на својот „Сантијаго Бернабеу“ против белгискиот Бриж и на крајот едвај стигна до реми 2:2, откако губеше со два гола.

Ова се случи во натпревар од групата „А“ во Лигата на шампионите, по шпанскиот гигант остана само со само еден бод од два натпревари.

Во 9-тата минута Денис отвори за гостите по интервенцијата на ВАР, а во 39-тата минута тотално ги шокираше познатите домаќини со својот втор гол во мечот.

Во 55-тата минута, Рамос ги врати надежите на „кралевите“ за пресврт, овој пат повторно ВАР мораше да интервенира откако бугарскиот судија Кабаков повторно не призна гол поради непостоечки офсајд и му беше потребна корекција.

Во 84-тата минута, Формер кај гостите беше исклучен по втор жолт картон, а во 86-тата минута Касемеиро донесе бод на „кралевите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 03:06