Во текот на вчерашниот ден во рамки на најелитното фудбалско натпреварување Лигата на шампионите се одиграа натпреварите од второто коло.

Кај сениорите имаше доста голови а натпреварот кој највеќе привлече внимание на јавноста беше натпреварот во Лондон каде Германскиот шампион Баерн Минхен го совлада минатогодишниот вицешампион на Европа, Тотенхем со високи 7:2.

Во сенка на овој натпревар помина натпреварот во Белград во кој Српскиот и Грчкиот шампион одиграа натпревар кој во спортски жаргон кажано заврши 2 во 1. Олимпијакос поведе во првото полувреме со голот на Семедо во 37-мата минута и со резултат 0:1 се заврши првото полувреме. Во второто полувреме тимот на Црвена Звезда направи целосен пресврт и најпрво израмни со голот на Вулиќ во 62-та минута, откако претходно Бензиа од редовите на грчкиот тим доби црвен картон во 58-тата минута. Победата на Звезда и ја донесе Мулиновиќ на три минути пред крајот на натпреварот а ја запечати Боакаје со гол во 90-тата минута.

Интересно, во Лигата на шапионите за јуниорите исто така натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Олимпијакос заврши со целосен пресврт како и кај сениорите. Во првото полувреме водеше Олимпијакос со голот на Лиатцос во 28-тата минута, а пресвртот за Црвена Звезда дојде во второто полувреме со головите на Митровиќ во 46-тата минута и Пантовиќ на седум минути пред крајот на натпреварот.

Оттука се поставува прашањето, имајќи во предвид дека Црвена Звезда и Олимпијакос се збратимени клубови а грчки фудбалски клубови неколку пати беа предмет на истрага за наместени натпревари, дали овие два натпревари завршија идентично од 2 во 1 со релативно највисоки коефициенти за таков вид на игра (во просек за 2 во 1, коефициентите се 30) случајно или пак постои сомнеж дека нешто „нештима“ во овие два натпревари.

Случајно или? И јуниорите и сениорите на Црвена Звезда и Олимпијакос одиграа 2 во 1


Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 03:45