Реал Мадрид издаде официјално соопштение за да се разјасни ситуацијата со Тибо Куртоа. Од „Сантијаго Бернабеу“ подготвија текст со три точки за да потенцира дека Белгиецот е посветен на враќање во својата најдобра форма.
Еве ја пораката објавена на веб-страницата на клубот и социјалните мрежи на „лос Бланкос“:
„Во врска со одредени информации со нашиот играч Тибо Куртоа, Реал Мадрид сака да го објави следново:
1. На нашиот фудбалер никогаш не му бил дијагностициран сомнителен нервен слом и затоа овие информации се апсолутно невистинити.
2. На Тибо Куртоа му беше дијагностициран и потоа лекуван гастроентеритис со дехидрираност и електролитска рамнотежа и затоа беше невозможно за него да го комплетира натпреварот од минатиот вторник против Бриж.
3. Играчот ќе се опорави откако ќе му биде назначен третман“.