Брајтон води против Тотенхем со 2:0 на полувремето на стадионот „Амекс“ во првиот натпревар од осмото коло од Премиер лигата.

Нил Мопе го отвори резултатот во третата минута по грубата грешка на Уго Лорис. Арон Коноли удвои во 32-та.

Дуелот започна кошмарно за лондонскиот тим. Во третата минута Уго Лорис направи сериозна грешка по центрирање на Берн. Голманот ја испушти топката пред гол-линијата, а Мопе само ја спушти со главата и погоди во празна мрежа.

Згора на тоа, Лорис претрпе тешка повреда по падот и му беше укажувана помош неколку минути пред да биде одведен на носилка. Информациите од Островот велат дека Лорис ја скршил раката и веројатно ќе биде аут за долго. На негово место се појави Пол Газанига.

„Петлите“ имаат само еден успех во последните шест натпревари на сите турнири.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 16:17