Манчестер Јунајтед ќе се обиде по секоја цена да го привлече напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ.

Според „Дејли мејл“, Хрватот е главната цел на „црвените ѓаволи“ за време на јануарскиот преоден рок.

Оле Гунар Солскјер сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот и во лицето на Манџукиќ гледа совршено решение.

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид се чини дека не е во плановите на Маурисио Сари и е подготвен да го напушти Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2019 14:19