Напаѓачот на Арсенал, Месут Озил, трет пат по ред не се најде во составот на тренерот Унаи Емери.

Триесет годишниот Германец не беше на клупата на „топчиите“ во дуелот од Англискиот фудбалски шампионат со Манчестер Јунајтед, во Лига Европа со Стандард и на денешниот премиерлигашки натпревар со Бурнемут.

По заминувањето на Арсен Венгер од позицијата главен тренер на Арсенал, Озил го загуби првотимскиот статус. Оваа сезона, тој учествуваше само на две средби, одигра вкупно 140 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2019 15:34