Лука Јовиќ нема да игра за репрезентацијата на Србија на квалификацискиот меч со Литванија, и пријателската средба со Парагвај.

Јовиќ кој летоска од Ајнтрахт прејде во Реал Мадрид, се мачи во новата средина, уште нема дадено гол, а играше на шест меча, и не е во потребната форма, па селекторот Љубиша Тумбаковиќ, реши да не го повика во националниот тим.

На последната средба со Гранада, Јовиќ воопшто не влезе во игра, а претходно постигна еден гол кој му беше поништен поради минимален офсајд. И во репрезентацијата на Србија на Јовиќ не му оди. На последните четири меча даде само два гола, па одлуката на селекторот и не е толку изненадувачка.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2019 22:14