Десниот бек Алваро Одриозола најчесто е резерва во тимот на Реал Мадрид, но секогаш кога е стартер сезонава, тимот победува.
Одриозола добива шанса да игра кога поради некаква причина не може да настапи Даниел Карвахал, а во саботата против Гранада, играа заедно, но Карвахал како лев бек, бидејќи левите бекови се повредени.
Екс играчот на Реал Сосиедад сезонава му носи среќа на Реал. Одриозола стартуваше против Селта, Осасуна и Гранада, и случајно или не, „кралскиот клуб“ од Мадрид ги доби сите три натпревари. Можеби оваа статистика ќе му помогне да игра почесто и тренерот Зинедин Зидан да стекне поголема доверба во него.