Поранешниот италијански и европски шампион Милан донесе одлука за отказ на тренерот Марко Џампаоло, објавија медиумите на Апенинскиот Полусотров.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својот Твитер објави дека Стефано Пиоли ќе го наследи Џампаоло на тренерското место.

Официјално, информациите сè уште не се потврдени. Претходно беше објавено дека Лучијано Спалети е главен кандидат, но тој не можеше да го раскине договорот со Интер.

Педесет и тригодишниот Стефано Пиоли исто така претходно беше тренер на Интер, а во својата кариера работеше и со Лацио, Болоња, Парма, Киево, Палермо, Сасуоло. Негов последен клуб беше Фиорентина.

На Милан не му оди оваа сезона како што посакуваат раководството и навивачите. Тимот го зазема 13.место во Серија А со само три победи и четири порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2019 12:54