Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во Подгорица се подготвува за натпреварот против Црна Гора од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7:1 против Фарски Острови на отворањето на квалификацискиот циклус, Дарко Чурлинов се надева дека победничката низа ќе продолжи и по натпреварот во Подгорица.
– Напорно се подготвуваме за двата натпревари кои ни следуваат, а посебно за дуелот со Црна Гора кој не очекува в четврток. Противникот е квалитетен, но сметам дека не е посилен од македонската репрезентација. Треба да одиграме „машки“ и многу фокусирано на секој дел од теренот. Иако отворивме во квалификациите со убедлива победа, сепак, имавме некои грешки и на тој натпревар што против Црна Гора не смееме да ги повториме. Битно е да одиграме како тим и сите заеднички да придонесеме во играта за да успееме да запишеме три бода, изјави Чурлинов за веб-страницата на ФФМ.
Натпреварот ќе се се игра на 10 октомври со почеток во 17 часот.