Првиот човек на Европската фудбалска асоцијација УЕФА, Словенецот Александер Чеферин, откри дека омилен клуб од просторите на поранешна Југославија, му бил Хајдук од Сплит.

Како и многумина во тоа време, и Чеферин си имал омилен тим кој не е од неговиот роден град, а од големата четворка (Црвена ѕвезда, Партизан, Хајдук и Динамо Загреб), тој го преферирал Хајдук.

– Кога играа Олимпија Љубљана и Хајдук, јас навивав за Хајдук. И тие беа наш домашен клуб, во заедничка држава бевме. Прв натпревар кој го гледав во живо беше во 1982 година, кога Хајдук гостуваше кај Олимпија. Тогаш имав 15 години, вели Чеферин, кој никогаш не бил на стадионот во Сплит да го гледа некогаш омилениот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 03:16