Прославениот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, денеска во неговиот роден град Малме доби статуа во чест на неговата богата кариера.

Златан, кој освен по вонсериските фудбалски квалитети, познат е и по самобендисаноста, изјави дека Статуата на слободата во Њујорк добила силна конкуренција во „Статуата на Златан“ во Малме. Бронзената статуа на Ибрахимовиќ која ќе стане туристичка атракција за сите посетители во овој шведски град, висока е 2,7 метри, а тежи 500 килограми.

Популарниот Ибра кариерата ја почна во Малме, а сега е член на Лос Анџелес галакси.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 03:19