Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, нема да биде дел од француската репрезентација на квалификациските натпревари за ЕП 2020 со Исланд (11 октомври) и со Турција (14 октомври). Играчот веќе ја напушти базата на националниот тим, пренесува „Л’Екип“.

Претходно ПСЖ упати барање до Фудбалската федерација на Франција за поштеда на Мбапе на следните натпревари на репрезентацијата. Парижаните се загрижени за состојбата на нивниот лидер, кој има повреден бутен мускул.

На местото на Мбапе во француската репрезентација повикан е напаѓачот на Борусија од Менхегладбах Аласан Плеа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 10:54