Британски „Сан“ спроведе анкета меѓу навивачите на Манчестер јунајтед за можното разрешување на тренерот Оле Гунар Солскјер. Според резултатите, 64,4 отсто од навивачите сакаат заминување на 46-годишниот Норвежанец. Останатите 35,6 проценти од испитаниците му дадоа поддршка на тренерот.

Во истражувањето учествувале 4.400 фанови на Јунајтед.

Претходно, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ изрази поддршка за Солскјер.

По осум кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед има само девет бода или два повеќе од екипите кои с е наоѓаат во зоната на испаѓање.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 13:18