Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев истакна дека голманот на Баерн, Мануел Нојер е првиот негов избор на голманската позиција.

– Како што веќе неколку пати реков, Мануел Ноер е наш капитен и, според тоа, наш број еден во оваа фаза, ако не се случи ништо неочекувано, истакна Лев.

Претходно, голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген побара тој да биде прв голман во националниот тим.

Следуваше реакција од Баерн со закана, доколку Ноер биде сменет од Тер Штеген, тогаш во репрезентацијата нема да бидат пуштени играчи од баварскиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 14:31