Италијанскиот шампион Јувентус ќе му ги понуди на Манчестер Јунајтед во зима Марио Манџукиќ и Емре Џан плус дополнителна сума пари, а за возврат ќе сака да го врати Пол Погба, според „Тутоспор“.

Новиот тренер на „бјанконерите“, Маурисио Сари смета дека светскиот шампион со Франција би му завршил исклучително добра работа во моментот и побарал од раководството да го стори невозможното во јануари, за да се обиде да го врати.

И покрај класата на Французинот, неговиот состав тоне во медиокритет и на повидок е уште година без трофеи за „црвените ѓаволи“, што во секој случај би значело дека нема смисла да остане на „Олд Трафорд“ доколку сака да почне да освојува трофеи час порано.

Погба стана шампион со составот на Јуве четири пати и беше една од најголемите sвезди на тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 21:55