Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси стравувал дека неговиот поранешен соиграч Нејмар може да го засили неговиот голем непријател Реал Мадрид во текот на летото. Самиот Аргентинец го призна ова.

– Искрено, за време на летниот преоден рок, мислев дека ако Нејмар не дојде кај нас, тој ќе замине во Мадрид. Тој навистина не можеше да дочека да го напушти Париз и сакаше промена. Мислеше дека Флорентино Перез и Реал ќе направат нешто, за да го купат“, изјави Меси за радио „РАЦ1“.

Лео исто така го коментираше инцидентот со неговиот млад колега Усман Дембеле, на кого му се заканува казна заради повторување на „многу си лош“ на судијата Матеу Лаос на мечот со Севиља.

– Му реков на судијата дека е тешко за Усман да каже нешто затоа што тој не може да состави реченици на шпански. Тренерот ме поддржа по натпреварот. Бевме изненадени што судијата толку добро го разбра Усман, затоа што му е тешко да зборува шпански, додаде Аргентинецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 21:57